Шилегов: Годинава имаме помалку загадени денови благодарение на преземените мерки

од Aleksandar Todeski

Податоците од мерните станици покажуваат дека оваа година имаме помалку загадени денови од претходните, а тоа е производ на мерките кои што ги презема и градската управа но и централната власт, тврди градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов во емисијата Детектор.

Според него, ако се направи споредбата со претходните години, истовремено споредувајќи ја и количината на врнежи но и просечната брзина на ветерот, податоците покажуваат дека во 2019 година сме имале помалку загадени денови.

„Има работи кои што се прават кои што можеби не личат атрактивно во даден момент, јавноста можеби и не ги перцепира така“, рече Шилегов.

Шилегов вели дека го зголемил бројот на лиценцирани оџачари од 2 на повеќе од 20, воведени се инвертори како клима уреди, стимулиран е алтернативниот превоз но како што вели Шилегов фокусот се става на крупните проект.

„Градот е спремен стратешки за т.н. терцијална гасификација, односно внесувањето на гасот по домови. Градот е мапиран, градот сега има енергетска стратегија. Знаеме каде е економски исплатливо да се навлезе со зголемување на топловодната мрежа и нејзино поврзување затоа постои „Градски енергетски системи“ како јавно претпријатие и е во фаза на лиценцирање, а каде со оглед на тоа што ние ниту сме богат град, ниту богата држава ќе влеземе со гасификација“, истакна Шилегов.

Слични содржини