Шилегов: Град Скопје кон Драч ќе упати специјална екипа опремена со термални дронови

од Vladimir Zorba

На утрешната седница на Советот на Град Скопје, ќе побарам Советот да донесе одлука за доделување на помош на настраданите во катастофалниот земјотрес во Драч, Албанија.

Имајќи во предвид дека за оваа одлука веќе се координирав со советничките групи во Советот, очекувам дека одлуката ќе биде едногласно донесена.

Скопје е град на хуманитарноста. Да помогнеме кога на другите им е потребна помош.

Во договор со градоначалникот на Тирана, Град Скопје кон Драч ќе упати специјална екипа опремена со термални дронови за помош при пребарувањето на преживеани под рушевините.

„Правиме се’ што е можно за помош во овие трагични моменти“, додава Шилегов.

Најмалку 6 жртви и 300 повредени и паднати згради има во силниот земјотрес што утрово во 3.54 часот ја погоди Албанија. Се стравува дека има многумина затрупани под урнатините.

Слични содржини