Шилегов има амбиции за втор мандат: „Не сум оптоварен кој ќе ми биде противник“

од Берта Китинска

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов во гостувањето во емисијата „360 степени“  истакна дека има амбиции за втор мандат како градоначалник на Скопје.

„Ангажманите коишто ги имав во изминативе години ми даваат за право да побарам поддршка СДСМ да ја поддржи мојата кандидатура. За нова кандидатура, како легалист, ќе ја испочитувам внатрепартиската процедура. Не сум опроварен кој ќе ми биде противник. Жал ми е што не успевам да видам дека ДПМНЕ креира политика за Град Скопје. Нивната советничка група не настапува со понуда, држат прес со црн лампион, изјави Шилегов.

Слични содржини