Шилегов исплаќал милионски суми на наместени тендери, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ

од Vladimir Zorba

ВМРО-ДПМНЕ преку својот портпарол Наум Стоилковски денеска обвини дека градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов исплаќал милионски суми на наместени тендери, а случајот го нарекоа „Профитер“, најавувајќи дека од денеска ќе почнат со серија на прес-конференции на оваа тема.

Портпаролот од Белата палата тврди дека „на големо се профитирало од тендерите за изведување на градежни работи за Град Скопје“, а за сето тоа, како што рече, обвинителството ќе има полни раце работа.

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека наместо намалени цени до 50 проценти од понуденото, градоначалникот Шилегов исплаќал суми за цени кои воопшто не се намалени или се намалени 1 до 2 отсто. Плаќал милионски тендери за кои градежниците, како што вели Стоилковски, губат интерес за работа и исплаќа милионски суми на наместени тендери.

Слични содржини