Шилегов: Јас повеќе верувам во Господ, отколку во датуми

од Vladimir Zorba

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, во врска со неговиот предлог за датумот за прославата на Божик денеска изјави дека не се слават датумите, туку Бог. Од тие причини, смета тој, ако го славите Бог, тогаш веројатно е ирелевантен датумот.

Шилегов минатата недела ја повика Македонската православна црква да го прославува Бижиќ според грегоријанскиот, а не според јулијанскиот календар.

МПЦ-ОА во изјава за Алфа посочи дека градоначалникот не треба да се меша во црковни работи.

„Ако сака нека си го слави тој на 25-ти декември. Радоста е на црквата и верниците, а не на политичарите“, вели портпаролот на МПЦ-ОА, г.Тимотеј.

– Треба да знаеме дека надвор од припадниците на МПЦ има и други граѓани кои се во друга христијанска црква, католичката, протестанската. Моето лично мислење е дека големи празници како Божик Велигден, треба да ги славиме сите заедно. А, пак велам, во што верувате вие: во датумот или во Господ. Тоа е клучното прашање кое треба да го поставува секој од нас. Јас повеќе верувам во Господ, отколку во датуми, одговори Шилегов на новинарско прашање денеска.

Северна Македонија, Србија, Русија и Украина се меѓу последните кои се уште се водат по Јулијанскиот календар.

– Моето лично мислење е дека тоа треба да го правиме со остатокот од цивилизираниот свет, додаде Шилегов.

Слични содржини