Шилегов: Куќата ја реновирам поради застарената инсталација

од Берта Китинска

Мене ми е криво што нападите на ВМРО-ДПМНЕ се однесуваат кон мене лично, вели актуелниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов во своето гостување во „Студио 10“ на ТВ 24, говорејќи за критиките упатени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која според него, се обидува да го дискредитира како личност.

-Тоа не се напади на политиките на градот и јас од нив не успеав да слушнам со кои политики, проблемите да бидат решени.Со кои политики…и кога немате визија како да излезете со совјот кандидат, многу е логично со пласирање на лаги да го нападнете Шилегов. Куќата ја реновирам поради застарената инсталација. Сепак тоа е нивно право и гледам дека има црна кампања против мене, вели Шилегов.

Слични содржини