Шилегов најави бришење на јужната обиколница која урбанистички го преполовува Водно

од Nikola Popovski

Ајде да се дискутираме за идеи и политики што ние како луѓе претендираме да бидеме градоначалници во наредните четири години и она што сакаме да го понудиме на скопјани, вели градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов во синоќешното интервју за ТВ Телма.

Тој потенцира дека после 27 години е ставен крај на импровизациите и дека нема да дозволи безидејноста да се повтори.

-Не чув, кој што нуди за јавен превоз, кој што нуди за развој на градот, кој што нуди за заштита на животната средина, кој што нуди за решавање на урбанизмот за нашиот град, делот за кој што не успеваме да проговориме е носењето на генералниот урбанистички план, во 2022 година треба да биде донесен. Не соопштиле никаква понуда за развојот на градот Скопје, изјавил Шилегов.

Тој исто најавил бришење на јужната обиколница која урбанистички го преполовува Водно.

-„Градот е сериозно отиден напред. Јас најавив и јужната обиколница ќе ја избришам од градот, таа е обиколница што треба да го преполови Водно. Скопје веќе е една поинаква приказна и заедно со граѓаните, чекор по чекор, ќе продолжиме да го развиваме градот и го правиме подобро место за живеење, заклучил Шилегов во интервјуто.

Слични содржини