Шилегов: Нашата скала е далеку подобра, тоа е исто како да купите голф со дополнителна опрема

од Берта Китинска

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска на прес-конференција во одговор на прашање за обвинувањата од ВМР0-ДПМНЕ околу наводната „спорна“ набавката на противпожарната скала, посочи дека опозицијата шири лажни вести и оти е најважно тоа што „првпат во историјата, од 45-та година навака“, е набавена ваква специфична и софистицирана опрема.

– Членовите на Комисијата се од Противпожарната бригада, не е градоначалникот, тие ја водеа постапката. На тој меѓународен тендер добила фирма која добила, опремата која ја имаме набавено е сериозно различна, и јас вчера соопштив само дел од тоа по што ние се разликуваме од градот Загреб, рече Шилегов.

Тој нагласи дека скалата ќе биде во функција за граѓаните на Скопје некаде на крајот на овој месец.

– Да дојдете на моја позиција и да сте градоначалник на Скопје, седнувате и ги гледате аномалиите на Градот, и констатирате дека стручните служби на Градот и Противпожарната бригада од вашите претходници барале набавка на скала, затоа што во моментов ние немаме техничка можност како Противпожарна бригада и како Град да помогнеме на кој било граѓанин на Скопје кој живее над петтиот спрат, потенцира Шилегов.

Тој додаде  дека опремата што ја има скалата сериозно  раликува од скалата што е набавена од градот Загреб.

– Ако одите во салон и сакате да купите голф, без опрема тој ќе ве чини 15.000 евра, додека со опрема може да ве чини и 35.000 евра. Така, нашата скала е далеку подобра во смисла на дополнителна опрема и дополнителна безбедност од онаа на Загреб , рече Шилегов.

Слични содржини