Шилегов: Не постојат зборови со кои може да се опише тагата за изгубените животи

од Берта Китинска

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов преку социјалните мрежи испрати телеграма со сочувство за загинатите и повредените во вчерашниот пожар во модуларната болница во Тетово.

-Упатувам искрено сочувство до семејствата на настраданите во вчерашната трагедија во Тетово. Не постојат зборови со кои може да се опише тагата за изгубените животи. На повредените им посакувам побрзо закрепнување. Нашите мисли се со вас во овие тешки моменти, напиша Шилегов на Фејсбук.

Слични содржини