Шилегов: Недостигот на позитивна интеракција меѓу младите од различни етнички заедници е тоа што води до недоразбирања, поделби и сегрегација

од Vladimir Zorba

Денеска се одржа промоција на настанот за заеднички ученички часови со ученици кои учат на различни наставни јазици. Настанот го организираа Град Скопје и Министерството за образование и наука, во соработка со Проектот на УСАИД, преку Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, спроведуван од Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

На настанот присуствуваа градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, министерот за образование и наука, Арбер Адеми, претставникот на Канцеларијата на УСАИД во Северна Македонија, Ерик Јановски, шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Клеменс Која, како и ученици, наставници и претставници од образовните институции.

– Чест ми е што Град Скопје е домаќин на овој свечен настан на којшто ги прославуваме заедничките достигнувања во промовирањето на соживот кај нашите деца и зајакнувањето на меѓуетничката кохезија во училиштата. Денеска сме сведоци на напредокот на овие ученици и наставници, кои се доказ за тоа дека кога се работи со голем ентузијазам, нема недостижна цел! Jа покренавме оваа иницијатива за заеднички часови со ученици кои инаку учат на различни наставни јазици затоа што за жал, се чини дека вообичаено фокусот е на тоа колку сме различни и поделени. Меѓутоа, убедени сме дека само недостигот на позитивна интеракција меѓу младите од различни етнички заедници е тоа што води до недоразбирања, поделби и сегрегација. Кога учат заедно децата, кога се вклучуваат во разновидни активности заедно, можат самите да видат дека сите не сме исти, секој со свои посебни карактеристики, но дека имаме исти интереси и исти цели – рече Шилегов.

Слични содржини