Шилегов: Нема конфликт на интереси, градските пари не се прелеваат на сметката на „Армор плус“ за противпожарната скала

од Берта Китинска

Ние немаме деловен однос со скопската фирма преку која е набавена противпожарната скала „Армор плус”. Градските пари не се прелеваат на сметката на „Армор плус”, и оттука не постои конфликт на интереси, рече денеска градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Тој посочи дека фирмата „Армор плус” има добиено само два договора за противпожарната опрема, од вкупно 20 постапки и јавни набавки за потребите на Противпожарната бригада, во последните три години.

Шилегов појасни дека не е само скала, во прашање е сериозен квалитет на цела опрема која може да биде употребена и при други интервенции.

-Лоша вест која се уште е актуелна е дека секој кој живее на петти кат не може да му се помогне во случај на пожар, барем не на начин соодветен на Противпожарна бригада. Но оваа наша опрема е опрема која ќе остане и во наредните 30 години. Се прават напори оваа опрема да стигне до 20 мај, рече Шилегов.

Слични содржини