Шилегов: Од денеска по скопските улици, еден поинаков јавен превоз …(ФОТО)

од Берта Китинска

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, на социјалните мрежи објави дека од денеска низ скопските улици ќе сообраќајат новите автобуси на гас.

Во Скопје во мај стигнаа 7 од 33-те нови автобуси кои ќе ги употребува Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) – Скопје за јавниот транспорт во главниот град.

Станува збор за автобуси на гас, за кои тендерот го доби „Ауто Хрватска ПСЦ“.

Слични содржини