Шилегов: Одлуката за отстранување на споменикот на Мајка Тереза предолго трае

од Берта Китинска

Општина Центар и министерството за култура се двете одговорни институции за отстранување на споменикот на Мајка Тереза во Центарот на Скопје вели, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, коментирајќи  ги своите изјави дека овие две институции имаат страв да донесат одлука за овој објект да биде срушен.

-Двете институции се надлежни за споменикот, таму треба да биде поништена маркицата  на постаментот на споменикот, а бидејќи се работи за национален проект за тие акти надлежно е министерството за култура.За мој вкус тоа е некако предолго трае за тоа сметам дека има можеби резерви за носење на овие акти. А има општ консензус за овој споменик да се отстрани бидејќи е поставен на место каде што треба да поминува улица. Со ваквите изјави сметам дека ќе ги поттикнам да си ги завршат своите обврски, вели Шилегов.

Слични содржини