Шилегов: Официјално е почната градежната офанзива за оваа сезона, ќе се реконструираат 20 улици низ Скопје

од Nikola Popovski

Град Скопје денеска почна со реконструкција на улицата Востаничка во населбата Пржино. Улицата во должина од 1.100 метри ќе добие нов асфалт, нови рабници и тротоари, а 76 домаќинстава нови приклучоци на водоводната мрежа. Реконструкцијата на улицата Востаничка чини околу 15 милиони денари со вклучен ДДВ, а рокот за изведба е 50 дена.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов кој денеска ги посети градежните активности на улицата истакна дека од денеска па во наредните 40 дена овде ќе се одвиваат градежни активности на целосна рехабилитација на коловозот и поправка на тротоарите онаму каде што е неопходно.

Tој потсети дека од вчера и официјално е почната градежната офанзива за оваа сезона. Предмет на реконструкција на нови коридори ќе бидат околу 20 улици, а крајна цел е, според него да се подобри квалитетот на урбаното живеење во градот. Од буџетот на Град Скопје Шилегов за реконструкција на улици се обезбедени околу 12 милиони евра.

Шилегов истакна дека новата спомен плоча на „Мајка Тереза“ на плоштадот на градот е активност на Здружението за заштита на ликот и делото на „Мајка Тереза“.

„Градот Скопје нема активности освен што помага на Здружението за заштита на ликот и делото на „Мајка Тереза“. Тие беа иницијатори, тие се финансиери и изработувачи на спомен обележјето на начин на кој што е изведено, ние ниту имаме право ниту имаме правна можност како Град самоиницијативно да ја вршиме реконструкцијата на местото каде што е спомен плочата. Идејното решение за мене беше прифатливо од причина што достапноста до спомен плочата од страна на јавниот простор да се надмине проблемот што со криминалната продажба на локацијата за изградба на шпанските скали е наметната кај локацијата на куќата на „Мајка Тереза“, рече Шилегов во одговор на новинарско прашање.

Слични содржини