Шилегов: Оставката на Заев не е на дневен ред, извесен е влезот на Алтернатива во Владата

од Nikola Popovski

Поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов информираше дека на денешните седници на највисоките партиски органи на СДСМ, нема да се разговара за оставката на претседателот на партијата, Зоран Заев.

-Имаме многу состојби за дискусија. Ковид-кризата, енергетската криза, политичката состојба. Тие се темите и потоа ќе донесеме соодветни заклучоци. Немам информација дека ќе се расправа за оставката на Заев. Мислам не е тоа на дневен ред. Ќе се зборува за влезот на Алтернатива во владатаи и извесно е дека тоа ќе се случи. Ова е редовна седница и беше планирана пред 15 дена и очекувам во тој контекст да се движи, рече Шилегов пред седиштето на владеачката партија.

Слични содржини