Шилегов: По усвојувањето на законот за задолжување, се отвара вратата Скопје конечно да добие современ јавен превоз

од Vladimir Zorba

Откако Собранието го усвои законот за задолжување, наголемо се отвара вратата Скопје конечно да добие современ и добро организиран јавен превоз. Очекувам дека во најкраток можен рок ќе се потпише договорот помеѓу Владата и ЕБРД, со што и формално ќе се создадат можностите да започнат постапките за набавка и имплементација на брзиот автобуски превоз, сподели градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

„Важно е да се напомене дека во рамките на ЕБРД, овој проект е заведен како зелен проект и се финансира во рамките на мрежата на зелени градови, каде Скопје е член. За мене и за Скопје е важно што е ова верификација на еколошките политики кои што ги креира Градот и што после 40 години конечно ќе почне да се имплементира овој стратешки проект за градот што ќе значи намалување на времетраењето на превозот на патници и намалување на загадувањето на воздухот“, посочува тој.

Слични содржини