Шилегов: Предвидени се катни гаражи во Чаир за непрописно паркираните автомобили

од Nikola Popovski

„Во градот Скопје поминаа два урбанистички плана од општина Чаир во кои што се предвидува изведба на катни гаражи. Очекувам дека со таквото добро урбанистичко планирање кое го воведуваме како стандард дека ќе почнеме да го надминуваме проблемот со недозволено паркираните возила, особено оној простор што е дефиниран како јавен простор“, изјави градоначалникот Петре Шилегов на денешната прес конференција во врска со градските инспекциски контроли за откривање загадувачи, градежните активности за подобрување на инфраструктурата во општина Чаир.

Тој додаде дека за жал, аномалиите во урбанистичкото планирање во нашиот град се присутни повеќе од триесет години.  Како пример го наведе и потегот во Аеродром, од „Цементарница“ кон „Железара“, по булевар „Србија“, каде има булевар без тротоар од десната страна, а тоа нова е населба која би требало од почеток да биде урбанистички добро поставена.

„Лошата изведба придонесувала некои стандарди да бидат сериозно намалени. Сега полека ги исправаме тие аномалии, но само три години се во прашање“, заклучи Шилегов.

Слични содржини