Шилегов: Работиме на расчистување и спречување на повторно создавање депонии

од Vladimir Zorba

Градот Скопје интензивно работи на расчистување и спречување на повторно создавање депонии, коишто многу често се палат и го загадуваат воздухот. Исчистени се повеќедецениски големи диви депонии во Кисела Вода, во Мичурин, во Ново Село, во Визбегово, во Рашче и во дел од Вардариште,соопштува градоначалникот Петре Шилегов.

На местото на расчистените депонии во Мичурин и во Кисела Вода се уредени нови зелени паркови со цел поздрава и поубава животна средина за сите граѓани.

„Уште од самиот почеток една од нашите најстратешки заложби беше чисто Скопје, а континуираното расчистување на дивите депонии и нивното уредување во мали зелени оази е уште еден чекор напред кон поубаво, почисто и поздраво Скопје. Бидејќи нашата цел е да спречиме повторно создавање на диви депонии и да спречиме палење и загадување на амбиентниот воздух, апелирам отпадот да не се фрла на јавните површини, за да се стави крај на создавањето диви депонии во градот и да ја зачуваме животната средина“,додава тој.

Слични содржини