Шилегов се излечи од коронавирус: И вториот тест е негативен, се гледаме од утре

од Nikola Popovski

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, на социјалните мрежи соопшти дека вечерва го добил и вториот негативен резултат од тестот за Ковид-19.

,,Вечерва ги добив резултатите од вториот тест на Ковид 19. Како и вчерашниот и денешниот е негативен. И официјално, невидливиот противник е победен. Се гледаме од утре во секојдневните активности. Ви благодарам на сите за несебичната поддршка и убавите мисли и желби во изминативе 16-17 дена. Уште повеќе благодарам на оние кои и не баш имаа такви мисли и желби . Чувајте се, од утре заеднички продолжуваме “, порача Шилегов.

Почитувани, вечерва ги добив резултатите од вториот тест на Ковид 19. Како и вчерашниот и денешниот е негативен.И…

Публикувахте от Петре Шилегов в Понеделник, 6 юли 2020 г.

Тој на 20 јуни објави дека е позитивен на вирусот и дека има благо покачена температура, но се чувствува добро.

Слични содржини