Шилегов: Се надевам во вториот круг гневот нема да го надмине разумот

од Nikola Popovski

Тоа што се случи во првиот круг беше порака кон СДСМ за начинот на практикување на власт. Свесен сум и за времето и „метлата“. Овој пат ќе ја соопштиме промената веднаш по изборите, рече кандидатот на СДСМ за градоначалник во Скопје, Петре Шилегов во емисијата „Само вистина“.

Според него, тој се надева на сојуз со граѓаните во вториот круг.

-Се надевам дека политиките што ги креиравме во изминатите 4 години, граѓаните ќе ги препознаат. Се надевам дека гневот кон нас по првиот круг, нема да го надмине разумот, бидејќи ќе мораме да бираме две опции. Една која што е дефинитивно прогресивна и влече напред и друга која сака да не врати назад и не верувам дека граѓаните ќе дозволат државата и Скопје да се вратат назад. Тоа што се случи беше сериозен излив на гнев. Добив илјадници пораки во изминатите денови од пријатели и блиски, кои што велат „што направивме, не ни беше таква намерата“, истакна Шилегов.

Слични содржини