Шилегов со документ од УЈП ги демантира обвинувањата: Јас и моето семејство сме спремни на уште 10 вакви постапки

од Берта Китинска

Во изминативе години Скопје го водев чесно. Зад мене и мојот тим има убедливи резултати, но денес нема да зборувам за реализраните проекти денеска ќе зборувам за црната кампања која ја води ВМРО-ДПМНЕ и мојата против кандидатка,кажа денеска актуелниот градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, одговарајќи на обвинувањата од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за неговите наводни злоупотреби на функцијата, како и за наводни незаконски приходи и зголемување на неговиот имот.

По барање на ВМРО-ДПМНЕ, од Управата за јавни приходи (УЈП), тој вели дека  добил документ кој потврдува дека неговата имотна состојба е законска и во согласност со пријавените приходи и платените даноци.Тој рече дека, со ова се потврдува дека нема потрошени ниту денар повеќе од она што е пријавено.

„Јас и моето семејство сме спремни на уште 10 вакви постапки против мене и против моето семејството да ги води било која институција во оваа држава. Но, прашањето е дали Мицкоски и Арсовска ќе престанат конечно да лажат. Политиката мора да биде лишена од лаги, затоа што ние политичарите сме тука за луѓето, а не се тие тука за нас“, рече Шилегов.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ останала доследна на политиката на измама и злонамерни конструкции.

„Денеска со документи ги демантирам сите прес-конференции на ВМРО-ДПМНЕ и сите зборови искажани на митинзите за тоа како сум ја злоупотребувал мојата функција и како сум имал незаконски приходи“,  додаде Шилегов.

Слични содржини