Шилегов: Со инвестирање во инфраструктурата, инвестираме во иднината (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов денеска присуствуваше на официјалното отворање на реновираната зоолошка градина во СУГС БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ која има повеќе од триесет различни видови животни, што постоеше во рамките на училиштето.

– Град Скопје во изминативе три и пол години сериозно вложува во инфраструктурата на училиштата, во ова училиште во коешто се наоѓаме два трака од училиштето се целосно реконструирани и се замените азбестните материјали коишто ги имавме, целосно се реконструрани училниците и се опремени со нов мебел, две нови лабаратории имаме во ова училиште, дигитализирано е целосно училиштето од смарт табли до антибактериски подови, така што за мене како градоначалник императив е и можете да видите во овие отворени денови коишто ги имавме во средните училишта колку е подобрен квалитетот на нивната инфраструктура, но нема да престанеме да инвестираме бидејќи така инвестираме во нашата иднина.

Слични содржини