Шилегов: Тргнати фундаментите за панорамското тркало

од Vladimir Zorba

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на својот Фејсбук профил сподели дека се отстранети фундаментите за панорамското тркало.

„Тргнати фундаментите за панорамското тркало. Мостот не е во барок. Коритото на Вардар чисто и проточно“, напиша Шилегов.

Речиси пред две години Советот на Град Скопје донесе одлука да се прекине изградбата на придружната содржина-панорамско тркало, во коритото на река Вардар, на кеј Димитар Влахов.

Пари за изградбата на панорамското тркало, како донација, даваа ЈСП Скопје и Агенцијата за електронски комуникации.

Во јуни 2017-та со одлука на Владата беше стопирано донирањето пари за овој проект.

Советот пред месец дена пак, донесе одлука за проектирање на нов забавен парк, а во чиј состав ќе биде проектирано и панорамско тркало.

– Панорамското тркало ќе биде многу поевтино од тоа што требаше да се гради во Вардар, рече тогаш Никола Гаџовски, раководител за сектор за урбанизам.

Слични содржини