Шилегов: Целосно завршена ул. 11 Октомври, од 20 часот во употреба

од Vladimir Zorba

Улицата 11 октомври е целосно завршена и вечерва ќе се пушти во употреба, соопшти градоначалникот Петре Шилегов на својот Фејсбук профил.

„Целосно завршена, и скоро целосно означена ул. 11 Октомври. Вечерва после 20 часот пуштена во употреба. Од утре продолжуваме со вело патеките и тротоарите. Скопје, една поинаква приказна“, напиша Шилегов.

Градежните активности се одвиваа на потегот од крстосница со булеварот Кочо Рацин до крстосница со улицата Стив Наумов.

Вредноста на проектот изнесува околу 27 милиони денари со вклучен ДДВ.

Слични содржини