Шилегов: Вандализмот над општото добро, никому не носи добро (ФОТО)

од Берта Китинска

Градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов, објави дека во центарот на градот се заменети контејнерите кои вчера беа запалени додека траеше полицискиот час.

„Вчера запалените контејнери на Партизанска кај Буњаковец, утрово се заменети со нови. Вандализмот над општото добро, никому не носи добро. Да го чуваме градскиот имот заедно“, напиша Шилегов.

Слични содржини