Шилегов: „Васил Ѓоргов“ ја затворивме, за експресно да ја сработиме

од Vladimir Zorba

Општина Центар заедно со Град Скопје започнаа со реконструкција на улицата Васил Ѓоргов во населбата Капиштец, на потегот од крстосницата со Рузвелтова до Водњанска.

На овој потег, покрај нов коловоз на должина од околу 1.000 метри, ќе се обноват оштетените делови од тротоарите, ќе се заменат оштетените рабници, а ќе има и корекција на крстосницата со улицата Франклин Рузвелт.

„Ул. Васил Ѓоргов во Капештец. Ја затворивме, за експресно да ја сработиме …Скопје, една поинаква приказна …“,порача градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов и сподели фотографии од реконструкцијата.

Ул. Васил Ѓоргов во Капештец. Ја затворивме, за експресно да ја сработиме …Скопје, една поинаква приказна …#Скопје#ЧекорПоЧекор

Публикувахте от Петре Шилегов в Събота, 10 октомври 2020 г.

Слични содржини