Шилегов: ВМРО-ДПМНЕ да научи основна математика, ако не, барем нека научат да бројат на прсти

од Nikola Popovski

„Во однос на реакцијата на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ за наводни некакви законски пречки при промената на имињата на улиците, значи ние одлуката ја донесовме на 30-ти март, а изборите ако беа редовни ќе се одржеа околу 15-ти октомври“, вели градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов по обвинувањата од опозицијата.

Тој истакна дека тоа значи ќе поминат 6 месеци, по што ја повика „ВМРО-ДПМНЕ да научат основна математика, а ако не друго, барем да научат да бројат на прсти“.

Најголемата опозициска партија денес истакна дека Шилегов „силно манипулирал и ја лажел јавноста кога тврди дека Законот вели најмалку шест месеци пред закажани избори и спроведување на попис може промена на имиња на улици“.

„Во однос на пописот се зборува за планиран односно редовен попис. Овој попис што беше најавен за сега, а е одложен за во септември е вонреден и не е планиран. Не знаеме кој закон го читал Шилегов, но важечкиот закон не вели така. Се моли Шилегов да научи правилно да чита закони, кои велат една година пред попис нема промена на имиња на улици“, сооштија од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Слични содржини