Шилегов: ВМРО-ДПМНЕ нема „три чисти“ да излезе со свој кандидат, многу нивни поддржувачи ќе гласаат за мене

од Nikola Popovski

Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов смета дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ се крие позади независната кандидатка Данела Арсовска.

-Госпоѓата Арсовска, свесно или не, помага на опозицијата да се сокрие позади нејзе, затоа што пред моето доаѓање, 27 управуваа со градот и сите аномалии кои што се појавуваат се од нивното невладеење. Моето лично мислење е дека ВМРО-ДПМНЕ нема три чисти да излезе со свој кандидат и се крие позади Арсовска. Не знам и не верувам дека мои поддржувачи ќе гласаат за неа, но убеден сум деа токму поради тоа што го направивме за градот во изминатите 4 години дека многу поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат за мене на изборите, рече Шилегов во гостувањето на емисијата „Жешко политичко лето“.

Слични содржини