Шилегов: Во новите згради кај Расадник не е точно дека ќе има 80.000, туку ќе бидат 8.000 жители

од Aleksandar Petrovski

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов во вечерашното интервју на телевизија Телма рече дека во новите згради кои се предвидуваат во ДУП-от за Расадник кај Кисела Вода не може да има 80.000 жители, бидејќи тоа ги надминува параметрите на Генералниот урбанистички план.

-Не може да биде донесен ДУП што е надвор од Генералниот урбанистички план. И да сакате, не смеете да ги надминете параметрите. Тоа значи дека не е точно дека ќе бидат 80.000 луѓе, туку ќе бидат 8.000 луѓе. Деталите се работа на Општина Кисела Вода. Меѓутоа, анализите што ги направивме ние е дека повеќе 33 проценти од таа површина ќе остане зелена, вели Шилегов.

loading...

Слични содржини