Шилегов во УСЈЕ: Го забранивме горивото базирано на отпад во индустријата на барање на граѓаните

од Vladimir Zorba

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов вечерва ги посети населбите Усје и Драчево во скопската општина Кисела Вода.
– СДСМ покажа и докажа дека има слух за потребите на граѓаните. Со забраната увозот на алтернативни горива како извор на енергија која беше изгласана преку измените на законот во Собранието оневозможивме Цементарницата Усје да ги користи овие горива. Ова беше едно од барањата на жителите на оваа населба за која никој во државата претходно немал слух, изјави Шилегов во скопската населба Усје.

– Реконструкцијата и проширувањето на булеварот Борис Трајковски од Пинтија до Драчево беше едно од најповторуваните барања на драчевчани долги години наназад. Со инвестиција од 212 милиони евра го решаваме и овој предизвик и за помалку од 2 години од сега жителите на Драчево и околните населби ќе возат по нов булевар речи си до дома, нагласи Шилегов во разговор со жителите на Драчево.

– Изминативе 4 години целосно ги реконструиравме улиците Антон Попов, Бихаќка, Црниче Востаничка и Жарко Зрењанин. Изградивме кружен тек на раскрсницата на бул. Србија со ул. Христо Татарчев, а во завршна фаза влезе изградбата на ул. Есенинова, истакна Шилегов.

– На местата на некогашните диви депонии да подигнеме над 22.000 метри квадратни нови паркови површини каде се засадени над 1000 садници. Ги реконструиравме средните градски училишта Браќа Миладиновци и Васил Антевски Дрен, а обезбедивме и прочистувачи за воздух во секоја училница, додаде Шилегов.

Слични содржини