Шилегов за Арсовска: Од „Али експрес“ градоначалник не бидува

од Берта Китинска

Екс- градоначалникот, Петре Шилегов, преку објава на Фејсбук ѝ се обрати на градоначалничката Данела Арсовска, откако таа денеска не ги повика новинарите на одбележувањето на Светскиот ден на пожарникарите.

„Почитувана (нит моја и верувајте нит било чија) градоначалничка (со мало г) г-ѓо Арсовска: Од не знам кои причини, заради Вашата денешна глупост, ме споменувате во Вашата реакција (а јас, заради нашиот ГРАД упорно ги премолчувам Вашите глупости и Ви молчам 6 месеци). Епа еве вака Ali Express girl: Од Ali Express градоначалник(чка) не бива. Уште помалку се бира… Секој со својот избор (и последиците од него)!

П.С. за протоколот (и надлежната): 26-ти Јули е ден за протокол во Скопје. Тажен, но е ден. Се викаат делегации, семејства, збратимени градови, Влада, НОВИНАРИ… Ама не можам се’ да ве учам. Како што Ви кажав: од Ali Express градончалник (чка) не бидува. Џабе се трудите. Толку Ви е нивото. Еве нема да ги спомнам паметот и способноста… Живеј, Ali Express… П.С.С. Какви нови достигнувања за пожарникарите?“, пишува Шилегов на Фејсбук.

Слични содржини