Шилегов за пристапните рампи: Скопје не е ски центар па да се прават скокалници

од Nikola Popovski

Скопје не е ски центар па да се прават скокалници, вака поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов ја опиша пристапната рампа кон пешачкиот мост во Сарај, која Градот ја прави за лицата со потешкотии во движењето.

Според Шилегов, лицата со потешкотии во движењето ниту можат ниту ќе употребуваат вакви „пристапни рампи“.

-Прашајте ги токму нив за стандардите, аголот, можноста да се користи оваа “скокалница”. Тие, верувајте, најдобро знаат, потенцира Шилегов.

Градот Скопје објави дека екипите на ЈП „Улици и патишта“, деновиве интензивно работат на изградба на рампа за пристап на лицата со потешкотии во движењето.

-Пристапната рампа е поставена паралелно со скалите. Во тек се подготовките за бетонирање, информираа од Градот.

Слични содржини