Шилегов за семејната куќа: Кажани се три лаги кои ги демантирам со официјални документи

од Nikola Popovski

ВМРО-ДПМНЕ води црна кампања, а не битка на идеи. Ова и го очекував затоа што кога ја започнав реконструкцијата, знаев дека ќе има обиди за тоа да се дискредитира, вели градоначалникот на град Скопје, Петр Шилегов, откако беше обвинет од опизицијата дека ја лаже јавноста и дека го сменил габаритот на семејната куќа, додал висина и катност, за што немал дозвола.

Според него, кажани се три лаги во врска со куќата.

-Првата е дека Шилегов гради повеќе отколку што е дозволено. Објектот е изграден во 1995 година, а јас сум нејзин сопственик по договор за подарок од 2006 година, каде што децидно стои приземје, први кат, втори и покрив. Тоа се гледа и во сегашната состојба во Катастар. Втората лага е дека сум немал одобрение за реконструкција и третата лага е дека не сум сопственик на земјиштето. Ова е решението за двориштето. Лагите се демантираат со официјални документи на органите во нашата држава, информира Шилегов во емисијата „Жешко политичко лето“.

Слични содржини