Шилегов за ТВ Европа: Ставот на Захариева не е ништо друго освен глупост

од Берта Китинска

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов денеска беше гостин на бугарската ТВ Европа.

Во својот телефонски разговор изјави дека изместувањето на тезите на министерката за надворешни работи Захариева во врска со празнувањето на 13-ти Ноември – денот на ослободувањето на Скопје се алиби за глупоста што ја прави Бугарија кон Северна Македонија.

„Изместувањето на тезите е всушност барање алиби за секоја глупост , а ставот на Захариева не е ништо друго, освен глупост. Обидувајќи се да ја спаси позицијата на Бугарија, која мислам дека повеќе ѝ наштетува на Бугарија отколку на Северна Македонија, се обидува да ги измести тезите. Она што се случи во Скопје на 13, односно 14 ноември е изложба од Белгија со поставка за Тито и ништо повеќе. Сега, барајќи алиби за сопствената глупост се изместуваат тезите и се прават обиди да се објаснат необјаснивите позиции на Бугарија за почеток на преговорите на северна Македонија со ЕУ“, изјави Шилегов.

Слични содржини