Шилегов: Забрзан економски развој меѓу Скопје и Подгорица

од Nikola Popovski

На мое големо задоволство денеска се сретнав со градоначалникот на Подгорица, Црна Гора, Иван Вуковиќ, кој престојува во дводневна посета на Скопје, објави градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов.

Според него, на средбата се зборувало за одличната соработка што ја негуваат збратимените Скопје и Подгорица.

-Разменивме позитивни искуства за одржливиот урбан транспорт, инфраструктурните решенија и подигнувањето на комуналната хигиена. На средбата дискутиравме и за можностите за забрзан економски развој на Скопје и на Подгорица, како и за продлабочување на соработка меѓу двата града, пред се во областа на образованието, спортот и културата, наведе Шилегов.

Слични содржини