Шилегов: Законот за децентрализација ќе се носи со широка јавна дебата

од Nikola Popovski

„Текстот на Законот за децентрализација мора да биде произведен институционално од Владата и ЗЛЕС, како луѓе кои во моментов работат во единиците на локалната самоуправа и најдобро ги знаат проблемите. Кога ќе се усогласи концептот и оформи текст, ќе се отвори дебата за да се разговара за суштината на работите“ кажа градоначалникот на Скопје и претседател на ЗЕЛС, Петре Шилегов во емисијата „Економски магазин“ на АлсатМ ТВ.

Тој додаде дека му е мило што сите политички субјекти се согласуваат околу концептот и кажа дека бидејќи законот е двотретински, потребно ќе биде и политичко усогласување.

„Мора да дадеме појдовна основа и на таа основа, ако се слагаме можеме да разговараме за детали околу тоа што и каок треба да биде вметнато. Тоа е делот на политички дијалог, кој не може да почне додека немаме текст по основ на кој може да се водат разговори“ кажа Шилегов.

Тој осигура дека никој не размислува никого да исклучи од процесот на усогласување на носење на Законот за децентрализација и продолжување на процесот на децентрализација.

Слични содржини