Шилегов: ЗОШТО АРСОВСКА ПРОДОЛЖУВА ДА ЛАЖЕ ДЕКА НЕМА БУГАРСКО ДРЖАВЈАНСТВО?

од Nikola Popovski

Имав прилика денеска да ги видам информациите во медиумите и искрено многу непријатно се изненадив, коментира актуелниот градоначалник на Скопје и кандидат за втор мандат, Петре Шилегов по објавата на СДСМ дека неговата опонентка Данела Арсовска имала бугарско државјанство.

– Не толку поради фактот дека има бугарско државјанство, за кое ако сакате да го добиете треба да се изјасните како Бугарин/Бугарка. Како се чуствува по националност и зошто и како земала државјанство, тоа е нејзина работа. Но она што ме загрижува мене, а верувам и сите скопјани е прво, зошто не ја кажува вистината во јавноста и второ зошто продолжува да ја лаже јавноста околу овој очигледен факт. Прашањето е за што уште не ја кажувала вистината и за што уште што кажа во кампањата е лага? Скопјани секако не заслужуваат ваков третман од некој кој претендира да биде градоначалник, очигледно Арсовска е склона кон криење на факти од јавноста. Сериозно се доведува во прашање нејзиниот интегритет и чесност како можен градоначалник на Скопје. Тоа е клучното прашање кое сега треба да си го постават и граѓаните и медиумите, вели Шилегов.

Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, денеска објави бугарска лична карта, за која тврди дека е на Данела Арсовска, кандидатката за градоначалничка на Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска вели дека личната карта, која е се уште важечка, е издадена на 5 мај 2017 година, како што рече, само една недела по „крвавиот четврток“ односно насилниот упад во Собранието на 27 април.

Слични содржини