Шкариќ: Кога се пишувал Уставот никој не размислувал што ќе се случи ако Собранието се распушти пред настапот на вонредна сосотојба

од Берта Китинска

Околу правната логика дека сега практични не треба да се отвара дебата кога треба да се одржат изборите, за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, универзитетскиот професор, д-р Светомир Шкариќ, вели дека изборните дејствија треба да продолжат во истиот момент кога престанува вонредната состојба.

-Не може Уставот да се толкува само со читање на неговите одредби. Потребно е и теориско познавање. Ова прашање што е поврзано со распуштање на собранието е тесно поврзано и со тероријата на парламентаризмот. Без познавање на тааа теорија не можете да дадете точно толкување на значењето самораспуштањето. Кога се пишуваше Уставот предвидена е вонредна, воена состојба, но никој не размислувал што ќе се случи ако Собранието се распушти пред настапот на таквата сосотојба.Нашето Собрание се распушта или самораспушта само во случај кога треба да следуваат предвремени избори. Се распупшта од внатре по предлог на пратениците. Во другите земји кај што постои вистински модел на парламентаризмот, тој се распупта под притисок нанадворешните фактори. Кај нас штом се распушта, се распушта заради тоа да се оди на предвремени избори. Штом се оди на предвремени избори мандатот на пратениците престанува, изјави  Шкариќ.

Слични содржини