Шкендија солидна во Стокхолм, Хасани погоди во 25. секунда (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Шкендија вечерва одигра солидни 1-1 во дуелот против шведски АИК на гостински терен во рамки на првиот натпревар од 3. квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига.

Брзиот гол на Хасани делуваше како ладен туш за Швеѓаните, откако капитенот на Шкендија погоди во 25-тата секунда. Избраниците на Шаќири сепак водството го чуваа до 17-тата минута, кога Гвидети со глава израмни на 1-1 и го постави конечниот резултат.

 

Реваншот е идниот четврток на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Поуспешниот тим во плејофот за пласман во групната фаза во Конференциската лига ќе игра против поразениот од дуелот меѓу турски Фенербахче и Словачко од Чешка. Тимот од Истанбул вечерва на домашен терен обезбеди предност пред реваншот од 3-0.

 

Слични содржини