Шкријељ до опозицијата: За да бидете патриоти, прво треба да престанете да бидете кукавици

од Stefanija Kuzmanovska

Патриотизмот за кој на големо зборувате не е носење маички, ниту говор на омраза и сексизмот и шовинизмот што го ширите, им порача пратеничката Санела Шкријељ на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на денешната собраниска седница.

„Патриотизам за мене е, после цела деценија заборавање, научни установи и институти да добијат средства за финансирање, меѓу кои се и Институтот за македонска литература, Институтот за македонски јазик, Институтот за национална историја, Институтот за фолклор и Институтот за словенска култура. Патриотизам за мене е за првпат во независноста да се воведат стипендии за студенти кои студираат македонски јазик, патриотизам за мене е по препорака на Советот за македонски јазик, Владата во 2019 година да донесе конечна одлука 5 Мај да биде празник на македонската азбука и македонскиот јазик. Но, драги колеги и колешки, за да бидете патриоти најпрвин треба да престанете да бидете кукавици“, порача Шкријељ.

Слични содржини