Шкријељ: Мизрахи сака да купува гласови за ВМРО-ДПМНЕ преку партизирање на Центрите за социјални работи

од Viktor Jovanov

Дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ обвини дека техничката министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи преку денешниот обид за разрешување на неколку в.д. директори директно сака да ги партизира Центрите за социјални работи и предизборно да купува гласови за ВМРО-ДПМНЕ од најранливите.

-Како одговорно лице коешто работи во интерес на граѓаните нема да дозволам вработените во Центрите за социјални работи, корисниците на социјалните права и другите граѓани да бидат под партиски уцени, притисоци и манипулации. Одлика на оваа Влада е демократско владеење, почитување на граѓаните и воспоставениот систем, напиша Шкријељ на Фејсбук.

Таа додаде дека единствена која што го руши системот во Министерството за труд и социјална политика и работи спротивно на интересите на граѓаните е техничката министерка Мизрахи.

Техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи преку денешниот обид за разрешување на неколку в.д….

Публикувахте от Санела Шкријељ в Понеделник, 20 януари 2020 г.

Слични содржини