Шкријељ: Најраното можно враќање на учениците е утре, загубените денови треба соодветно да се надоместат

од Берта Китинска

Се потврди она што го говоревме, социјалниот дијалог е единствениот начин за постигнување на целите на синдикатите и доаѓање до прифатливи решенија.Постигната е согласност помеѓу Владата и СОНК за зголемување на платите во детските градинки, основните и средните училишта за 12 проценти, со ребалнасот на буџетот, вели пратеничката од СДСМ, Санела Шкријељ.

Таа потенцира дека сега е најважно да се продолжи наставата што поскоро и да се надополни загубеното и да се работи на трансформација во образованието.

-Најраното можно враќање на учениците е утре, среда, што значи 10 загубени денови од училишната година кои треба соодветно да се надоместат.Платите во образованието и детската заштита ќе се зголемат, СДСМ продолжува со политиките за покачување на платите на работниците!Се надеваме дека сите, со истиот жар, ќе продолжиме да се залагаме за нови наставни програми, за спроведување на реформата во основното образование, на средното образование, трансформација на педагошките факултети кои продуцираат наставен кадар, објаснува таа.

Слични содржини