Шкријељ: Нема да дозволиме партиски препукувања на штета на граѓаните, социјалната реформа е најуспешна политика на оваа Влада

од Nikola Popovski

Дополнителната заменска министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ, денеска одржа прес-конференција во Владата, на која изјави дека нема да дозволат граѓаните да бидат жртви на партиските препукувања во овој предизборен период.

„МТСП доби нова техничка министерка и дополнителна заменик-министерка. Сакаме да ги увериме граѓаните дека ова нема да има никакво влијание и нема да се одрази негативно врз нив и реформскиот процец. Сите права од областа на социјалната, детската заштита, социјалната заштита ќе продолжат да си се исплаќаат редовно, соодветно претходната динамика.“, изјави Шкријељ.

Таа додаде дека спроведената социјална реформа е една од  најуспешните политика на оваа влада и бројките го кажуваат тоа.

„Над 27 000 семејства земаат во просек над 300 проценти поголем износ на социјална помош, над 27 000 деца земаат детски додаток, а право на социјална пензија користат 4170 лица“.

Заменик-министерката ја повика и техничката министерка Мизрахи на конструктивност и да работат заедно во интерес на граѓаните.

„Граѓаните секогаш ќе ни бидат на прво место, особено најранливите и нема да дозволиме позитивниот реформски процес да застане“, додаде таа.

Слични содржини