Шкријељ: СОНК да го прекине штрајкот, да овозможи учениците да се вратат на училиште (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Интересот на децата и нивниот образовен процес треба на сите да ни бидат на прво место. Ново губење часови, откако изминатите две години наставата се одвиваше во отежнати услови поради пандемијата е на штета на децата. Особено голема штета може да им биде нанесена на илјадници матуранти, бидејќи се поблиску се роковите за полагање матура и завршен испит. Апели за децата да се вратат во наставните клупи со право пристигнаа и од УНИЦЕФ и од Народниот правобранител, изјави на денешната прес-конференција, Санела Шкријељ, пратеничка на СДСМ.

Додаде дека правото на образование е загарантирано со Уставот, исто како и правото на штрајк, но штрајкот не смее да биде на штета на децата, а учениците и нивните родители да се држат во неизвесност.

„Неопходно е раководството на СОНК да го прекине штрајкот, да овозможи учениците да се вратат на училиште, а своите барања да ги остварува во дијалог со надлежните институции“, вели Шкријељ.

Слични содржини