Шкупи се засили со репрезентативецот Радески

од Stefanija Kuzmanovska

Вицешампионот Шкупи ќе биде посилен во реваншот од Конференциската лига против Санта Клара в четврток во Португалија за Марјан Радески, откако напаѓачот на македонската фудбалска репрезентација потпиша денеска двегодишен договор со екипата од Чаир.

– Шкупи изминатите години континуирано атакуваше на шампионската титула и за секој играч е задоволство да биде дел од таков амбициозен клуб. Дојдов тука за да им помогнам на соиграчите заедно да се бориме за првото место. Знам дека навивачите ќе бидат нашиот 12. играч и верувам дека на крајот од новата сезона заедно ќе се радуваме, изјави 26-годишниот Радески, кој минатата сезона беше дел од прволигашот Академија Пандев.

Раководството на Шкупи соопшти дека Радески ќе биде во комбинација за настап во тимот веќе в четврток кога македонскиот вицешампион го очекува реваншот против Санта Клара во рамки на 2. квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига. На првиот натпревар одигран во четвртокот во Скопје, Шкупи претрпе висок пораз од 0:3.

Слични содржини