Шмајхел ја допре болната точка на Англичаните: „Дали некогаш бил дома?“ (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Англија и Данска ќе одлучат за вториот финалист на Европското првенство вечерва на Вембли од 21 часот. Победникот од тој натпревар во финалето во недела го чека Италија, која синоќа беше подобра од Шпанија.

И интересна увертира на вториот полуфинален натпревар понуди данскиот голман Каспер Шмајхел, кој инаку брани за премиерлигашот Лестер Сити. Данецот всушност ги спушти Англичаните по прашањето на новинарите како би спречил фудбалот да се врати дома, таму каде што започна.

Откако новинарот ја повтори често споменатата фраза „Its coming home“ (Доаѓа дома), Шмајхел возврати со прашањето:

– Дали некогаш бил дома? Не знам дали некогаш сте го освоиле…

И Данецот е во право, бидејќи за Англичаните, двете полуфиналиња во 1968 и 1996 година беа најдобриот резултат на Евро, додека светске шампиони беа во далечната 1966 година.

Слични содржини