Црвената коса е реткост, се одржува тешко, но се дружи со убавина, страст, егзотика и сила. Бојата е исклучително претенциозна, а жените често се колебаат каква шминка да користат. За да ги избегнете непријатните комбинации, следете ги овие совети.
8ff6b408f5b0b1573877178fbc2f784a

Избегнувајте кармини во светлите розови тонови
Ако косата е црвена, пожелно е да избегнувате кармин и сјај во светли розови нијанси. Наместо тоа, соодветен избор е на беж или телесна боја, како и кармин во корална боја, како и оние од црвените нијанси.

Користете посветла маскара
За црвенокосите жени, тешката и црна маскара може да биде несоодветна за бојата на кожата, па користете светли бои. Светлокафеавите спирали ќе ви дадат повеќе природен изглед. Ако очите ви се сини или зелени, не заборавајте дека секогаш може да експериментирате, со тоа што ќе нанесете врз трепките маскара во сино пример.ca58d21dc1c2fa75835d5499e5a14afa

Сенки во топли бои
Секогаш избирајте сенки во кафеава, зелена, жолта, праска и црвено. Важно е и да ја приспособите на бојата на вашите очи. Ако сакате да додадете повеќе сјај, нека тој да биде во златните нијанси.

Заменете ја црната очна линија
Огненоцрвената коса нема потреба од црна очна линија. Наместо тоа се заменува со светлокафеава. Инаку погледот ќе изгледа уморен.

Свежо руменило
Изборот на руменило е исто така важен. Ако преферирате земјени тонови, нека тие ве потсетат на златен песок. За повеќе свежина и младешки изглед нанесете врз јаболчниците  руменило во боја на праска.

Слични содржини