Шминкерот на Џеј Ло ги откри грешките поради кои изгледате постаро

од Elena Daskalova

Скот Барнс е човекот поради кого лицето на Џенифер Лопез секогаш изгледа совршено. Тој со години е нејзин шминкер, а своите совети ги споделил и со пошироката публика.

Според него, шминката може да ве подмлади, да ве разубави, но и да направи да изгледате уморно и ненегувано.

Еве што советува тој:

Премногу изразени контури

Контурите се користат за да се нагласат цртите на лицето и тоа мора да знаете да го правите правилно, за да не изгледате како само да сте цртале линии. Во овој случај не треба да следите трендови, туку да го следите природниот облик на своето лице, бидејќи контурите немаат универазлен начин на нанесување.

Недоволно блендирана сенка

Кога нанесувате повеќе бои на сенка мора да се потрудите да нема јасна линија меѓу боите, туку сето тоа да биде убаво прелеано едно во друго. Во спротивно, вашите очи ќе изгледаат уморно и безживотно.

Лош избор на бои

Кога бирате руменило, сенка или кармин, најдобро е да го знаете добро својот тип на тен, да истражите која боја стои на вашите очи и воопшто, на типот на кожата. Само на тој начин ќе ја истакнете вашата природна убавина.

Хајлајтер на погрешно место

Ако го нанесете над јаболчниците, вашето лице ќе блеска. Во секој останат случај не сте направиле ништо, бидејќи не се постигнува никаков ефект.

Преголема количина шминка

Што поприродно тоа подобро, смета тој. Големите количини шминка оставете ги за тие неколку пригоди во животот кога е потребно да носите професионална шминка. Во остатокот од времето навистина нема потреба од сето тоа.

Слични содржини