Шницли со шампињони

од desk2

Подгответе вкусен ручек…

СОСТОЈКИ:
4 јунешки шницли
200 мл павлака
5 лажици доматен сос
сол
бибер
мајчина душица
5-6 лажици масло
3-4 лажици брашно
400 гр шампињони
3 листови ловор
10 зрна бибер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Шницлите исчукајте ги, па посолете ги и побиберете ги по вкус, ставете малку масло и извалкајте ги во брашно. Наредете ги шницлите во огноотпорен сад.
Во посебен сад измешајте павлака за готвење и доматен сос, посолете по вкус па прелијте преку шницлите. Преку наредете ловор, посипете бибер и мајчина душица. Покријте го садот со фолија и печете во рерна околу 40 минути. Потоа тргнете ја фолијата, од горе наредете печурки, посолете и печете 30 минути.
Послужете со компир пире или со некој друг прилог по желба.
Добар апетит!/Gotvi.mk

Слични содржини