Шојгу беше прашан кога и како ќе заврши војната, погледнете ја неговата реакција (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу во интервју за медиумската куќа ТВ Звезда на руското министерство за одбрана беше прашан како ќе заврши војната во Украина.

Шојгу на прашањето одговори: „Секоја војна завршува со мир“.

Неговиот одговор беше избришан во подоцнежните преноси.

На прашањето колку брзо може да се очекува мир во Украина, Шојгу се сврте и ја напушти просторијата.

Западните аналитичари сметаат дека рускиот претседател Владимир Путин сака да ја одолговлекува војната што е можно подолго за да ја ослаби поддршката што западните земји ѝ ја даваат на Украина и да ја исцрпи земјата со постојаната воена состојба.

Слични содржини